МКEN
Преземи

Политика за приватност

Последна измена: ноември 2026

Avtivo е програма за автосервиси (компјутер и телефон). Оваа политика објаснува какви податоци обработува програмата и оваа веб-страница. Накратко: податоците на вашиот сервис се чуваат само кај вас – ние не ги собираме, не ги гледаме и не ги продаваме.

Кои податоци се внесуваат

Во програмата сервисот внесува податоци за своите клиенти и возила: име, телефон, регистрација, шасија, километража, извршени работи, цени, фотографии и, по желба, потпис на клиентот. Овие податоци ги внесува и контролира сервисот.

Каде се чуваат

Камера и слики

Камерата се користи само кога корисникот сака: за фото извештаи и за читање на табличка или шасија. Текстот се чита на самиот уред. Сликите остануваат на уредот и на компјутерот во сервисот.

Пораки до клиентите

Кога сервисот праќа потсетник, се отвора Viber, WhatsApp или апликацијата за SMS на уредот со готова порака. Ако сервисот сам вклучи автоматски SMS преку услугата Twilio, бројот и текстот на пораката се праќаат до Twilio за да се достави пораката, според нивните услови.

Лиценца

Клучот за лиценца се проверува на самиот уред. Програмата не праќа податоци до нас за да ја провери лиценцата.

Аналитика и следење

Програмата и оваа веб-страница не користат аналитика, рекламни алатки ни колачиња за следење.

Бришење

Сервисот може да избрише возило, клиент или сите податоци во секое време од програмата. Деинсталирањето не ги брише податоците од компјутерот – тие остануваат додека сервисот сам не ги избрише.

Контакт

Mile Gjorgiev · avtivo@outlook.com · +389 78 323 654