Секое возило, запаметено.
Avtivo е сервисна книга за автосервиси: историјата на секое возило, потсетници до клиентите преку Viber и SMS, понуди и магацин – на компјутер и на телефон.
Документите за клиентот, со вашето лого.
Изберете документ – вака изгледа кога ќе го испечатите или пратите како PDF.
| Опис | Кол. | Цена | Вкупно |
|---|---|---|---|
| Предни дискови (пар) | 1 | 3,800 ден. | 3,800 ден. |
| Предни плочки | 1 | 1,700 ден. | 1,700 ден. |
| Труд – дискови и плочки | 1 | 1,500 ден. | 1,500 ден. |
Проблем: губи моќност, свети check engine. Чистење на EGR вентил и всисен колектор, бришење грешки, тест возење OK.
| Дел / услуга | Кол. | Цена | Вкупно |
|---|---|---|---|
| Дихтунг EGR | 1 | 300 ден. | 300 ден. |
| Труд | 1 | 2,500 ден. | 2,500 ден. |
| Датум | Км | Извршени работи | Износ |
|---|---|---|---|
| 30.07.2026 | 252,300 | Чистење на EGR вентил и всисен колектор | 2,800 ден. |
| 22.11.2025 | 244,500 | Масло 5W-30, филтер за масло и воздух | 3,200 ден. |
| 08.12.2024 | 231,000 | Ангренажен ремен комплет и водена пумпа | 14,200 ден. |
Потсетникот се пишува сам.
Обидете се: сменете ги податоците и гледајте како Avtivo пресметува кога е следниот сервис и ја пишува пораката.
Изберете услуга.
Масло, ангренаж или технички – секоја со свој рок по месеци и по километри.
Кога беше последниот сервис?
Avtivo го зема датумот и километрите од последната посета.
Колку вози клиентот?
Од посетите знае колку километри поминува на ден – и кое ќе дојде прво, датумот или километрите.
Каде да ја прати?
Пораката е готова. Изберете Viber, WhatsApp или SMS и само притиснете Испрати.
Од влез до потсетник
Прво возилото влегува.
KU 1188 AAНовоŠkoda Octavia 2.0 TDIЕлена Ристова · 078 222 333Проблем: тропа напред десно на дупки.Потоа понуда и потпис.
KU 1188 AAПонуда- Носач на амортизер ×22,900
- Труд1,200
Вкупно4,100 ден.Потпишано 14:32Работата се запишува.
KU 1188 AAЗавршено130,000 км · 12.11.2026- Носач на амортизер ×22,900
- Труд1,200
Вкупно4,100 ден.Магацин: −2 носачиИ клиентот се враќа.
KU 1188 AAЗа 9 денаМасло и филтриРок 11.06.2027 или 140,000 кмViber – испратено

Направено за работилницата
Avtivo е направено заедно со мајстори: големи копчиња, малку чекори и сè на едно место – од приемот на возилото до потсетникот за следниот сервис.
- Фото извештаи
- Сликајте ги истрошените делови и пратете му ги на клиентот – полесно одобрува поправка.
- Работи без интернет
- Сè е на компјутерот во сервисот; телефоните работат и надвор.
- Секојдневна резервна копија
- Програмата сама прави копија од податоците секој ден.
- Македонски и англиски
- Секој уред може да работи на својот јазик.
Една лиценца за целиот сервис.
Цената ја договараме според вашиот сервис – јавете се и ќе ви кажеме веднаш.
- Компјутерот во сервисот
- Телефони за сите мајстори
- Сите можности, без доплата
- Работи и без интернет

Преземете ја програмата.
Преземете ја програмата за компјутерот и апликацијата за Android телефон. Клучот за лиценца го добивате од нас.
Windows 10 и 11
Android: отворете ја преземената датотека и дозволете инсталирање од овој извор кога телефонот ќе праша.
Сакате да ја видите во живо?Оставете број, ќе ве повикаме.
Се отвора вашата е-пошта со готова порака. Ви се јавуваме истиот ден.
- avtivo@outlook.com
- +389 78 323 654 телефон и Viber